Во периодот од 21 до 24 Мај 2014 година, во Атина, беше одржана седмата светска Конференција на Меѓународната респираторна група од Примарната здравствена заштита (IPCRG) на тема: „Еден здив на свеж воздух: Повеќе морбидитети и интеграција“ (A Breath of Fresh Air: Multiple morbidities and Integration).
Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група, претствено од др Радмила Ристовска, др Катерина Ставриќ и др Валентина Ристеска Нејашмиќ, зеде активно учество со два проекти кои беа, на наше големо задоволство, со одобрување прифатени.
За повеќе информации и активностите на оваа група посетете ја нивната страница: www.theipcrg.org