ПРОГРАМА
За дејствување на:
”Здружение на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група” Скопје
(”Association Of Family Medicine – Respiratory Group” Skopje)
За поуспешно извршување на поставените цели и задачи Здружението ја донесува оваа програма со утврдени активности на извршување во тековната година, со тенденција на постојано зголемување на активностите и проширување на дејностите од наведените области на дејствување и пошироко.
За таа цел Здружението посебно ќе се залага за:
- Што помасовно проширување на идејата за здружување на специјалистите по семејна медицина, доктори воопшто, студенти во рамките на едукација и нивно учество во реализација на зацртаните цели
- Промоција на Науката, истражување и настава, обука и континуирано образование, превенција, заштита и рехабилитација во областа на респираторната медицина
- Промоција на соработката со други Медицински и други професионални групи од областа на пулмологијата и медицината пошироко
- Ги претставува интересите на Пнеумологијата во јавноста и соработка со други нституции и професионални здруженија
- Обезбедување на средства од донатори за набавка на материјали како и обезбедување на соодветен простор
- Информирање на докторите за можноста да учествуваат во проектните активности печатење на информативни флаери постери и нивно дистрибуирање