Драги колеги и пријатели,
Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група во соработка со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје и Меѓународната респираторна група во примарна заштита, го организира Првиот симпозиум со меѓународно учество на тема:
Антибиотици во примарна заштита – предизвици за подобрување”
Истиот ќе се одржи од 1 до 3 Мај 2015 во Охрид, еден од најстарите и најубави градови во Р.Македонија.