ПРОГРАМА

За дејствување на: ”Здружение на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група” Скопје (”Association Of Family Medicine – Respiratory Group” Skopje) За поуспешно извршување на поставените цели и задачи Здружението ја донесува оваа програма со утврдени активности на извршување во тековната година, со тенденција на постојано зголемување на активностите и проширување на дејностите од наведените области на дејствување и пошироко. За таа цел Здружението посебно ќе се залага за:
  • Што помасовно проширување на идејата за здружување на специјалистите по семејна медицина, доктори воопшто, студенти во рамките на едукација и нивно учество во реализација на зацртаните цели
  • Промоција на Науката, истражување и настава, обука и континуирано образование, превенција, заштита и рехабилитација во областа на респираторната медицина
  • Промоција на соработката со други Медицински и други професионални групи од областа на пулмологијата и медицината пошироко
  • Ги претставува интересите на Пнеумологијата во јавноста и соработка со други нституции и професионални здруженија
  • Обезбедување на средства од донатори за набавка на материјали како и обезбедување на соодветен простор
  • Информирање на докторите за можноста да учествуваат во проектните активности печатење на информативни флаери постери и нивно дистрибуирање
Целите ќе се остваруваат особено преку организирање на научни работилници, Симпозиуми и Конгреси како и меѓународна размена на експерти од областа на респираторната медицина Сите овие активности се зацртани за исполнување во стартот на работата на Здружението со тенденција да активностите на Здружението се зголемуваат постепено и да членството на Здружението постојано се зголемува, што ќе побуди интерес за што помасовно учество во неговите редови и проширување на активностите, изнаоѓање на нови патишта и приоритети на работа, нови форми на организирање и конституирање за што поголем успех на обавување на приоритетните цели на Здружението.
Close Menu