Истражување на навиките за пропишување на антибиотици

Информација за Проект: Истражување на навиките за пропишување на антибиотици на матичните лекари за акутни респираторни инфекции проследено со едукативна интервенција

Центарот за семејна медицина-Медицински факултет Скопје со потпишување на Меморандумот за соработка со Медицински Факултет Загреб, Хрватска ја започна соработката на полето на развивање на научни проекти од интерес на семејната медицина. За таа цел Проф.Марија Ботица во 2013 година одржа работилница за рационално пропишување на антибиотици каде ги презентира резултатите од нивнтата студија која ја спровеле во Хрватска. Иста таква студија се спроведува и во Косово и Македонија беше заинтересирана да се вклучи во ова истражување.

За таа цел Катедрата по семејна медицина заедно со Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група подготви проект, и во мај 2014 година аплицираше за E-Quality program 2014/2015 и доби грант од IPCRG-International Primary care Respiratory group. Проектот трае 1 година, го спроведуваме под менторство на IPCRG и Jochen Cals – Assistant Professor, Department of General Practice, Maastricht University, Nederland.

Главен истражувач на проектот:

Доц.д-р Катарина Ставриќ координатор на Центарот за семејна медицина-Медицински факултет Скопје

Истражувачи:

Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна Група

  • Др Мр сци Радмила Ристовска
  • Д-р Валентина Нејашмиќ Ристевска – докторант

Клиника за инфективни болести Скопје

  • Проф. Д-р Ирена Кондова Топузовска
  • Проф.д-р Снежана Стојковска

Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика Медицински Факултет Скопје

  • Проф д-р Весна Велиќ
  • Проф д-р Бети Зафировска Ивановска

Медицински Факултет, Универзитет Загреб,  Катедра за семејна медицина

  • Проф д-р Марија Врца Ботица
Close Menu