Обраќање на ЗССМ-РГ

Почитувани колеги и пријатели,

По повод одбележувањето на Светската недела и Европскиот ден за свесноста за антибиотиците, Здружение на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група - ЗССМ-РГ, и Центарот за семејна медицина – Медицински факултет во Скопје, го организираат ЧЕТВРТИОТ СИМПОЗИУМ - АНТИБИОТИЦИ ВО ПРИМАРНАТА ЗАШТИТА – „ОДГОВОРНОСТА Е ЗАЕДНИЧКА”, со меѓународно учество.

Симпозиумот ќе се одржи на 17.11.2019г. во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, во склоп на настанот „Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности“ (17-20 Ноември 2019).
Целта на Симпозиумот е плодна размена на мислења, искуства и визии и усвојување на заеднички ставови.

Темите кои ќе бидат опфатени на овој Симпозиум ги зассегат подеднакво: избраните доктори, педијатрите, инфектолозите, уролозите, дерматолозите, специјалистите по ОРЛ, пулмолозите, микробиолозите и сите други профили инволвирани во дијагностика, лекување и пропишување на антибиотска терапија.

Со задоволство ве очекуваме,

Мр сци др. Радмила Ристoвска
Здружение на специјалисти по семејна медицина
– Респираторна група - ЗССМ-РГ

ГЛАВНИ ТЕМИ на Симпозиумот
- Имунизација
- Упатства за рационална употреба на антибиотици
- Потрошувачка на антибиотици и насоки за рационална употреба

Please follow and like us:
error0
Tweet 20
fb-share-icon20