19 Ноември е Светски ден на хроничната обструктивна белодробна болест. 

Се одбележува еднаш годишно во организација на Глобалната иницијатива
за белодробни заболувања – ГОЛД. Оваа година нивното мото е „Не е премногу доцна“.


Во нашата земја, организатори на овој настан, заради подигнување на
свесноста и грижата за хроничната обструктивна болест, се Здружението
на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група и Центарот
за Семејна медицина при Мединскиот факултет во Скопје, под мотото
ДИШЕТЕ СЛОБОДНО.

По тој повод на 16.11. 2014 (недела), тие всушност ќе ја отпочнат
неделата на хроничната обструктивна болест (ХОББ).

Одбележувњето на настанот ќе се одржи во ТЦ Лептокарија од 11,30-14 часот,
за кое време специјалисти по семејна медицина ќе ги анкетираат
заинтересираните возрасни граѓани (постари од 40 години) за можноста
дали имаат ХОББ, и во исто време ќе ги советуваат и дистрибуираат
материјал за запознавање на граѓаните што е тоа ХОББ.

Организаторите ги канат сите заинтересирани граѓани да се придружат
на оваа манифестација.

Покровители на оваа манифестација се и Општина Карпош, и Радио Бубамара
како медиски покровител – благодарност до нив

Во рамките на неделата на ХОББ во Центарот за семејна медицина на
18 Ноември ќе се одржи и предавање за докторите по семејна медицина
за ХОББ со цел да се нагласи значењето на раното откривање и превенцијата
на оваа болест.

{gallery}DenNaHobb{/gallery}